eDominations Wikipedia

Find every detail regarding eDominations in our Wikipedia. Directory link : https://www.edominations.com/en/article/12173 Log in Register

Администрација + Закони |

Published in North Macedonia - First steps in eDominations - 0 - 16 Aug 20 06:34

- Моја Држава / Панел на Администрација -


- Моја Држава

Овој панел е еден од најбитните страници во играта. Ќе ги анализираме страните во кои имаш дозвола за да можеш да управуваш со државата на најдобар можен начин. Многу важни статистики има за секој позитивен аспект. Можеш да избереш различни држави горе десно во ќошот, откри ги нивните статистики и споредувај ги со твојата држава!

- Општество

Првото јазиче со кое што ќе се запознаете е Општество. Можеш да видиш колку активни играчи има државата, колку нови граѓани се придружиле и кои региони државата ги окупира во моментот. Најважно ќе ги најдеш копчинњата ВИДИ БАРАЊА и МОМЕНТАЛНО ВКЛУЧЕНИ.

Види Понуди : Ќе бидеш однесен на нова страница која што ги вклучува луѓето кои се аплицирале за промена на државјанство! Граѓани од околу целиот свет ако сакаат да се придружат на твојата држава, прво треба да се аплицираат! Наредното јазиче можеш да ги видиш прифатените понуди и граѓанинот што ги прифатил.

Моменатлно Уклучени : Можеш да ја следиш активноста на граѓаните на одредена држава таму. Многу е битно за поиксусни играчи за да можат да ја пресметаат штетата за да можат да нападнат во битка.


- Судија

Судија е специјална улога во играта. Граѓаните можат да бидат одбрани секој месец за да бидат судија на држава. Тој граѓанин може да предложи специјални закони, кои никој друг граѓанин неможе да ги предложи. Ако твојата држава одбрала Судија ќе ги најдеш тука. Исто така законите кои ги предложил Судијата и биле изгласани.


- Економија

Ова е најбитното јазиче за Економијата на една држава. Гувернерот на секоја држава треба да ги проверува тие статистики дневно.
Најпрво ќе го најдеш Државното Богатство, каде што одат даноците како ДДВ, Увозен Данок, Работен Данок и 5% од златото одкога ќе надградиш фирма. Златото и Парите се имот на државата и заклучени се таму се додека не е предложем закон за донација до Претседателот. Тие пари се користат за да ги покријат трошоците на Државата, како што се Објави Војна или Заеднички Пакт за Заштитта. Ќе ги анализираме достапните закони доле на последното јазиче кај Администрација.Граѓани од Левел 25 и поголем имаат дозвола да донираат во Богатсвото.


Следните графикони кои што ќе ги видите се Дневен Даночен приход за последните 7 дена во играта. Ова ќе ти помогне визуелно да сватиш што е заработката на твојата нација благодарение на оданочувањето. Мислете за нови даночни стратегии за да бидете сигурни дека вашата заработка ќе се зголеми и државните индустрии ќе продолжат да се развиваат.

После графиконите се Државните Ресурси кои го вклучуваат секој можен бонус и кои региони кои што се окупирани од државата го имаат тој бонус. Памти дека Главнито Град е многу битен, бидејќи регионите се споени директно со Главниот Град (без попречување на некој странски регион во границите) ќе го добиеш целиот бонус од тој регион. Алтернативно само 10% (Наместо 20%) Ќе се примени. Поседувајќи ист бонус повеќе пати не се собираат заедно. Можеш да имаш 1 од секој посебен бонус.

.
Платата прикажува интересни статистики за Минималната Плата која може да се смени преку закон и Просечна Плата се дефинира преку понудите на вработувачите на Маркетот за Вработување.

Данок на Работа го прикажува Данокот на Државјани кој ги вклучува граѓаните кои поседуваат државјанство за таа држава и Данокпт на Странците е за граѓани кои избираат да работат како Менаџер во таа држава без државјанство.


- Политика

Политика е јазиче кое ја вклучува владата на одредена држава. Претседателот и останатите од владата вклучувајќи ги Премиерот, Министерот за Одбрана, Министер за Надворешни Работи, Гувернер и Министер за оразование. Престедателот е изгласан од граѓаните, додека останатите од владата се одбрани од Претседателот. Секоја од тие позиции имаат специјални атрибути кои ја прават нивната улога посебна на некој начин. Тие сите имаат улога на конгресмен се додека се дел од владата и имаат дозвола да предлагаат закони. Исто така можеш да пронајдеш кои партии имаат исгласано највеќе конгресмени во парламентот.

Претседател : Тој граѓанин е едниствениот кои може да добие донации од Богатството и да нападне после исгласан Закон за објавување на Војна. Претседателот и Гувернерот можат да го надградуваат Државниот Склад. Претседателот и Министерот за Одбрана можат да наместат оружје во битки од нивната држава.

Премиер : Овој граѓанин е единствениот задолжен за прифаќање на понуди за државјанство.

Министер за Одбрана : Овој Граѓанин е задолжен за прифаќање на понуди за преместување на Воена Единица/Организација. Заедно со Претседателот можат да наместат оружје во битка од нивната држава.

Гувернер : Овој граѓанин може да го надградува државниот Склад.


- Воена

Овоа Јазиче ги вклучува најбитните информации за Воениот аспект. Започнувајќи со Алијанса ако државата учествува во некоја. Природен Непријател може да биде било која држава после закон за Природен Непријател предложена од државните службеници. Сврти надоле за Закони да видиш како точно функционираат.

Следно на Бојното Поле ќе откриете дали имате дефекти на штета. Окупирање на региони коие не се дел од вашите основни региони има цена. За секој регион кој не е основен твоите Граѓани во државата ќе имаат 0.5% дефект во штета.

Потоа ќе пронајдеш многу важен дел наречен АКТИВНИ ВОЈНИ. Таму ќе откриеш во точно кои битки државата може да учествува. Ако твојот Претседател Објави Битка на некоја друга држава, Активна Битка на таа држава ќе се појави овде. Стисни на ДЕТАЛИ за да ја откриеш историјата на битката во таа одредена држава. На оваа страница Претседателот може да пронајде горе десно знак на запченички пренос и ќе му се појави страница за да изврши напад.

Последно но не најнебитно дел е државите со кои си потпишал Заеднички Пакт на Заштита со твојата држава. Тоа значи дека твоите држави можат да се борат на нивните директни битни, освен ако нема конфликти помеѓу 2 страни на битката. На пример мојата држава има потпишано Заеднички Пакт На Заштита и на напаѓачот и на Бранителот, па моите граѓани неможат да учествуваат.


- Администрација

Последното јазиче од Панелот на Администрација на Државата, сепак многу важно за службениците на земјата. Овдека ќе ги пронајдеш сите закони кои биле предложени и изгласани. Конгресмените и министерите можат да пронајдат предложи закон копче. Откри кои закони се достапни и нивното дејство :


Донација : Со овој закон одредена сума на Злато или Локални Пари (Зависно од државата, на пример Соединети Американски Држави - USD, во Албанија - ALL, и така натаму) можат да бидат предложени од Престедателот. Неможеш да предложиш закон спрема било кој играч. За да го одредиш точниот играч (кој што ќе ја добие сумата), исто така ќе треба да го внесеш неговиот ID. ID е одреден број на играч, кој можеш да го видиш на неговиот линк. Овој закон не чини ништо до богатството. Закони за Донација бараат нормално мнозинство.

Печати Пари: Со ова можеш да предложиш одреден број на пари да бидат испелатени преку користење на злато. Видот на валутите
се локални валути, зависно од државата. За секои 200 валути 1 златник од Богатството е потребен. Нема граница на принтање валути, додека потребното злато е во државата. Кога ја внесуваш сумата во менито за закони, треба да ја завршиш сумата која што сакаш да ја принташ. На пример, кога сакаш да испринташ 100000 валути, треба да напишеш 100000 (без празно место меѓу броевите) и биди сигурен дека има доволно злато (во овој случај - 500 злато) и да го предложиш законот. Овој закон не бара злато од Богатсвото и бара нормално мнозинство.

ДДВ Данок за Извоз : Со ова можеш да предложиш промена во процентот на даноците за секој вид производи на берзата (овој закон не влијае на Монетарниот Маркет). Можеш да одредиш процент на стапка за оданочување на две основи: ДДВ за работи купени од Маркет од играч кој е граѓанин на таа држава и Данок за Извоз за граѓани кои што се член на секој друга држава (познати како странци). Сите собрани даноци одат во Богатството. Овој закон бара нормално мнозинство.

Данок на Работа: Со ова можеш да предложиш промена во оданочување на профитот на работникот. Овој закон се применува на секој играч кој работи на територијата на државата - нема врска дали неговото државјантво е исто или е странец. Овој закон се применува како процент од основната плата. На пример - Ако играч работи за 100 валути и Данокот за Работа е 4%, тогаш оданочувањето е 4% и работникот добива 96 валути додека државата добива 4 валути во нејзиното богатство. Овој закон бара нормално мнозинство.

Работен Данок: Со ова можеш да предложиш промена на оданочувањето на фирмите на играчите. Со овој закон секој пат кога играч ги употребува неговите фирми (секој вид) за да произведе работи, тој плаќа одредена количина локални валути. На пример, неможеш да платиш данок со USD валути ако работиш во Шведска. Данокот може да биде наместен да биде различен за граѓани со локално државјанство и странци. Сепак, данок на странци неможе да биде помал од 3 валути за секоја фирма. За локални граѓани, потребниот минимум е 1. На пример - Германски играч сака да ги изработи сите негови фирми во Италија и Работен Данок е 4. Тоа значи дека за да прозведе треба да има 200 италијански валути, кои ќе бидат платени дирекно во Италијанското Богатство и за замена играчот ќе произведе со бонусите кои што Италија ги има. Овој закон бара нормално мнозинство.

Промена на минимална плата
: Со ова можеш да предложиш минимална плата во државата. Луѓето во eDominations можат да вработат други играчи преку плаќање на плата во валути. Кога минималната плата е активна, тогаш платата на играчот неможе да биде пониска. Минималната плата неможе да биде пониска од 1 валута и нема граница колку голема може да биде. Овој закон бара нормално мнозинство.

Главен Град
: Со ова можеш да предложиш промена на Главен Град на твојата држава. За да има нов Главен Град може да биде предложен само на регионите кои моментално припаѓаат или се под окупација на државата и не се нападните, може да учествува. Главниот град има голема битност на држава - за пример, секој нов играч започнува во регионот кој што е моментално актвиен Главен Град. Овој закон бара нормално мнозинство.

Оставка на Претседателот: Со ова можеш да предложиш отстранувањема на сегашниот Претседател и да се замени со нов претседател од твој избор. За да го предложиш новиот Претседател треба да го внесеш неговиот ID (Не име). Можно е да се преложиш сам себе но е невозможно да предложиш играчи кои се граѓани на друга држава. Новиот Претседател може да предложи само 5 закони. Овој закон бара нормално мнозинство.

Заеднички Пакт за Заштита: Со овој закон можеш да предложиш алијанса помеѓу твојата држава и друга држава. Под оваква акција, овие држави можат меѓусебно да помагаат во директни битки ( и не востанија) без потреба на патување. Под активен Заеднички Пакт за Заштита исто така играчите добиваат медали за Вистински Сојузник. Многу важен дел на овој закон е дека и двете држави треба да го прифатат гласајќи. Овој закон чини 50 Злато на таа држава која го предлага и 0 Злато на другата држава. Заедничкиот Пакт за Заштита е активен 30 дена откако е прифатен. Овој закон бара нормално мнозинство.

Придоден Непријател: Со овој закон можеш да предложиш одредена држава да ти биде главен непријател па секој пат кога твоите граѓани се борат против таа држава, играчите добиваат 10% бонус штета. Бонусот е активен и во директен напад помеѓу твојата држава и Природниот Непријател, и индиректно (Борејќи се за сојузниците со кои имаш Заеднички Заштитен Пакт , патувајќи за пукање и така натаму). Држава може да биде предложена и прифатена како природен непријател ако нема никаква активна битка меѓу нив и во такви случаи бонусот важи и кога се бориш за твоите сојузници. Може да има само 1 активен Природен Непријател, тоа значи дека прифаќање на друга држава, ја заменува старата. Штетата направена од бонусот исто така се вбројува во медали. Овој закон бара нормално мнозинство.

Нова порака за поздравување: Со овој закон, активниот Претседател може да предложи автоматска порака која секој нов регистриран играч во државата ја добива. Овој закон, кој може да биде предложен како писмо, може да содржи било какви информации - канали,упатство, контакти и така натаму. Исто така може да биде направено од објавени слики (вклучувајќи и од надворешни извори) и видеа (од јавни канали, како youtube).

Апсолутно е забрането да се поставуваат и пишуваат работи што ги кршат правилата на игра во овие пораки! На пример - голотија, порнографија, навреди против лица од реалниот живот, играчи на еДоминации и земји. Рекламирање на други страници и игри е строго забрането.


Идејата на ова писмо е да го привлече вниманието на новородените играчи со цел да им помогне да ја играат играта. Ако, се разбира, надворешна врска обезбедува видеа од играта или какви било упатства за истата, целосно е дозволено да бидат дел од тогашното писмо. Овој закон бара нормално мнозинство.

Трговско ембарго: Со него, активниот претседател на земјата може да предложи трговско ембарго кон одредена земја. Ембаргото може да се предложи против секоја земја и нема предуслови за тоа (како активна војна и сл.). Со активно трговско ембарго, другите државјани не можат да работат на локалните пазари во земјата. Таквиот закон не забранува донации меѓу граѓаните на земјата со активно трговско ембарго меѓу нивните земји и влијае само на пазарот. Овој закон бара нормално мнозинство.

Договор за мир: Со него активниот претседател на земјата може да предложи крај на активната војна меѓу земјите. Таквиот закон може да содржи и клаузула за обесштетување на златото, што не е целосно потребен за законот - Мировниот договор може да се прифати и без него - и во овој случај земјата едноставно може да остави 0. Мировните договори можат да се предложат само за земја која е во активна војна. Таквиот закон не ги обновува историските (или основните) граници на државите и во потенцијално окупираните региони сè уште може да се активираат војни за отпор. Со Договорот за мир, статусот на активната војна е завршен и веќе не може да има директни напади. Предлагањето на самиот мировен договор чини 20 злато за земјата што ја предлага. Таквиот закон мора да биде изгласан и прифатен од владите на двете држави. За законот е потребно поголемо мнозинство од двете држави за да се прифати.

Прогласи војна: Со неа активниот претседател на земјата може да предложи да се воспостави директна војна помеѓу вашата земја и друга земја. Со тоа вашата земја ќе ја започне војната и ќе има способности да ги нападне непријателските региони, да ги освои, да ги добие своите ресурси и сл. Земјата што ја прифаќа Декларацијата за војна, исто така, прво ја добива иницијативата, што значи дека во првите 24 часа од војна, само оваа земја може да изврши напад. Во случај двете држави да ги спроведуваат Законите за воена борба против едни со други, иницијативата прво ја добива земјата што го отвори законот. Предлагањето на Закон за војна за прогласување, чини 30 злато. За законот е потребно големо мнозинство само од владата на земјата за да се прифати.

Откажете го Пактот за заштита: Со него активниот Претседател на земјата може да предложи присилно завршување на активен пакт за заемна заштита. За ваквиот закон се гласа само од страната што го предложи, што значи дека Пактот за заемна заштита може да заврши без меѓусебен договор, но по желба на само една од страните. Предлагањето на самиот закон за пактот за заштита од откажување чини 100 злато. За законот е потребно поголемо мнозинство за да се прифати.

Support

Comments (0)