Day 954 Dec 05 21:42

Основни совети за почетници |

Published in Republic of Macedonia (FYROM) - First steps in eDominations - 1 - 29 Apr 17 17:58

Добредојдовте на eDomination. Се надевам дека ќе останете со нас и заедно ќе пробаме да ја направиме еМакедонија една од појаките држави овде. Доколку имате играно игри од овој тип, верувам дека брзо ќе се снајдете. За оние кои првпат се среќаваат со ваков тип на игра, еве неколку основни совети.

1. Следете ги мисиите
Следејќи ги нив, многу полесно ќе напредувате. Тие ви даваат храна и оружје кои не мора да ги купувате. Доколку заглавите на некоја мисија, слободно обратете се на официјалниот дискорд канал.

2. Не пукајте во војните веднаш со оружје
Бидејќи играта е релативно нова, и се уште немаме еПретседател и еВлада, нашите воени денови допрва доаѓаат. За тоа, мора да бидеме спремни со добра залиха на оружја и Energy bars (тоа се оние шишенца кои ги добиваме по секој завршен Daily Order и даваат бонус 100 енергија). Нормално, има мисии кои ќе бараат од вас да користите и оружја кои ви се добиени од некоја претходно.

3. Не го трошете голдот залудно
Под залудно, мислам на купување денари, па оружје и храна. Гледајте што повеќе да штедите, бидејќи на 20-тиот ден од играва, тренинг центрите ќе може да се дигнат на второ ниво кое ќе дава по 10 сила дневно (на прво ниво, дава 5).

Доколку поискусниве играчи имаат уште некој совет, слободно нека споделат, ќе додадам.

Support

ATEHTATOPOTEbamKtoBagerBETEPAHOT

Comments (1)

30 Apr 17 09:45
BETEPAHOT

Mn korisno zasluzi 5 mkd :D